Битката со дезинформации е убав бизнис

Оние кои штанцаат дезинформации веројатно живеат убаво ама и овие кои „се борат“ против нив не се за жалење. Финансирани од сороси, влади и министерства, го цензурираат новинарството креирајќи рејтинг листи и индекси за пожелни и опасни медиуми. А бидејќи „обичните“ дезинформации им изгледаа како претесен простор, ја проширија дефиницијата од што сè тие го штитат интернетот.  

Израелски министри знаат да смират топка ко никој

Израелскиот министер за внатрешни работи, Бен Гвир, инаку од крајно-десното крило на владата на Нетанјаху, повика на егзекутирање на палестинските затвореници за да се олесни пренаселеноста на затворите.

Екцентричноста носи лајкови

Студија утврдила дека ставови кои отстапуваат од вообичаените и можат да се сметаат за ексцентрични или екстремни, дури и кога не се за политика или религија, привлекуваат повеќе интернет внимание и интеракции. Проблем е што кога ќе се види на што се пали публиката, тоа те мами да продолжиш во таа насока. Така безброј портали се самозакопаа со оние глупите „шокантно“ и „ексклузивно.“

Речник

Ни Орвел не можеше да го предвиди Трудо

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф донесе еден од најрестриктивните закони против говор на омраза, кој дури и длабоко авторитарни влади не би се осмелиле да го помислат. Законот што Трудо планира да го донесе, прави шкотскиот закон да изгледа како заштита на слободата на говор.

Унапредување на суво

Корпорациите во своите постојани преструктуирања и вртења на вработените се повеќе се наклонети кон еден метод во кој вработениот добива повисока позиција и повеќе работа и одговорности, но без покачување на плата, ова се вика суво унапредување.

Се претвори ли Википедија во Воук-педија?

Скандалот во НПР во кој долгогодишен уредник откри како медиумот е во идеолошко заложништво на новите „прогресивци“, вниманието го насочи кон ЦЕО-тоа на медиумот, Кетрин Мар. Поголем проблем е што таа претходно беше на истата функција во Викимедија. А се работи за жена која „слободниот и отворен“ интернет го смета за проблематичен концепт. Ко-основачот на Википедија се сомнева дека Владата и ЦИА имаат вмешано прсти.  

Off Topic

Васа-1 најстрашното нешто што излегло од Микрософт, до сега

Да, пак е ВИ, само кај ова страшното е што му давате една слика од човек, и потоа тој ви вади цели видеа со него, на кои зборува што и да му зададете вие. Помалку страшниот дел е што може да направи цел монолог на цртани ликови или ликови од слики. И сето ова го прави со акцент и природни движења.

Службите си работат

Такер Карлсон објаснува како не е важно кој е на власт во Америка и колку се излишни сите оние комитети и комисии за контрола на американскиот разузнавачки апаратус. Службите си работат.

На иранската армија и попушти вентилот

Сè ова наводно е ненамерно. За време на некоја локална воена парада во Иран, на водениот топ му се активираше баш страничниот топ, баш кога минуваше покрај бината со функционери и офицери. Нема информација што казна попил топџијата.

А им се смееја на пензионерите во Лидл

Во еден шопинг мол во Нови Сад деновиве се отвораше нова парфимерија (Сефора-Србија). На првите 100 купувачи им било ветено дека ќе добијат некое тестерче или друго поклонче. Само да ја видите гужвата на напредните генерации кои не можеа да се начудат на гужвите на старите гагаџии во Лидл. Внатре било стампедо, хоас и грабање од раце.

Дупчето во швајцарското ноже

Главно јасни се сите тие додатоци во фамозното швајцарско армиско ноже и за што служат. Некои за сечење, има тука отворач за конзерва, отворач за тапи, турпија, ножички... Но, на едно од ножињата има и едно дупче за кое не бевме сигурни за што е. За шиење да ти било. Еве како се користи.

Един оргазам в две глави

Озборнови ја коментираат веста за оној што се ожени со сијамски близначки. Откако дознаа дека имаат две глави ама останатите органи ги делат, вклучително и оние долу (Ози: Што, едно комплетче?), следуваат урнебесно нормални и здраворазумски прашања: Дали мажот има право да ѝ стави перница на глава на онаа другата и пред сè, кога ќе дојде време за оргазам, на која ѝ следува? Луда, прекрасна фамилија.

Локалности

Net Roulette

Offside

Денвер Нагетс ја зголеми предноста против Лејкерски на 2:0 во плејофот и тоа со луд пресврт. Нов трипл дабл на Јокиќ. Со 20 скока го заврши мечот.

Off Café

Bookbox

1970-тите во Франција се нестабилен период на пад на геополитичката моќ на земјата, крај на поствоениот економски напредок и продлабочување на јазот помеѓу десницата и левицата. Во сето тоа, еден судски случај, иако воден за „обичен“ криминал (кражби и убиство), дополнително придонел за заострување на критиката кон државата и нејзините институции. 

На индонезиски Донал Бебек, на италијански Паперино, на шведски Кале Анка, на англиски Доналд Дак. Опишан како „бела антропоморфна патка со портокалов клун, нозе и стапала“, тој прв пат се појавил во цртан на Дизни во 1934. Неговиот најдобар цртач долго време останал анонимен, живеејќи на работ од калифорниска пустина. Додуша, ова му одговарало на Дизни кој се претставувал како цртачот.

Кое е потеклото на англискиот идиом „рејн чек“?

Кога љубезно се одбива или се одложува некаква понуда, во англискиот буквално се вели дека се зема „чек во случај на дожд“. Иако звучи како некаква метафора, изразот всушност имал прилично буквално значење.

По 75 години „Скребл“ воведува нова верзија на познатата игра со составување зборови

Се вика „Заеднички Скребл“ (Scrabble Together) и во неа не играте за да соберете што повеќе поени и да победите, туку се обидувате колективно, како тим, да решавате предизвици. Ни отвораат работа за правење нова верзија и на неофицијалната македонска.

Кога во цигарите клавале корисни пораки

Тутунските компании од времето на Првата светска војна на и во пакувањата не ставале ужасни предупредувачки пораки и слики од луѓе со рак на грло, туку нуделе илустрирани совети за тоа како да се запали чкорче на ветер, како да се избега од побеснето куче, како да се направи средство за гасење пожар итн. Сепак, некои од советите не сме сигурни дека би функционирале денес.

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното