Добродојдовте на Типстер, сезона 2015/2016

Драги типстери и типстерки, кладилничари и кладилничарки, махери и малери на колото и сите вие кои сте заболени од синдромот типување/кладење, стартуваме со вашата омилена кладилница за која и натаму нема да ви бараме пари, a ќе ви даваме подароци.

 

На 1 ноември стартува третата сезона на Типстер каде повторно ќе можете со виртуелни кредити да типувате на натпревари од многу национални лиги, потоа на мечеви од Лига на шампиони, Лига Европа и репрезентации.

Оваа сезона ќе трае подолго бидејќи по завршувањето на првенствата, од 10 јуни ќе стартува нова фудбалска треска која се вика Европско првенство во Франција. Сите натпревари од Еврошампионатот ќе ги имате на Типстер кој го затвораме на 10 јули 2016-та кога се игра финалето на ЕП.

Најдобриот типстер на месецот ќе добива подарок од компанијата за спортска опрема Sport Vision. За второпласираниот ќе му обезбедиме подарок од Зоте Брос Компјутери, а на третиот ќе му следува пакет пиво.

Подароци ќе има и за најдобриот типстер на полусезоната, како и за најдобриот на крајот од сезоната.

Минатата сезона поделивме шест дресови и четири маици од Фудбалската федерација на Македонија, два рутери за wi fi, четири USB стикови и ранец од Зоте брос компјутери и осум пакети пиво.

6579 типстери е досегашниот број на луѓе-корисници на оваа игра кои се натпреваруваат во една работа, а тоа е кој е најголем махер во типување.

играј | упатство за играње | правила