Почнуваме со Типстер, сезона 2016/2017

По летната пауза која почна по завршувањето на ЕП 2016, ја враќаме во етер вашата омилена бесплатна кладилница каде со виртуелни кредити може да типувате без да чекате ред по шалтери. Ќе има и подароци.
Новата сезона на Типстер е четврта по ред и таа ќе почне со рекорден број на Типстери. Лани беа 6.579, а сега конкуренцијата е поголема за 1.000 типстери или поточно во моментов ги има 7.565.
 
Официјално сезоната стартува на 1 октомври 2016 година, а завршува на 31 мај 2017-таСледното лето нема ниту Европско, ниту Светско првенство и затоа завесата ќе ја спуштиме порано од лани.
 
Понудата повторно ќе биде разновидна со натпревари од големиот број национални лиги, купови, Лига на шампиони, Лига Европа па се до квалификациски натпревари меѓу репрезентации.
 
Стандардно како и претходните години, подароци ќе има за првите тројца најдобри во месецот, а соработка ја продолжуваме со Sportvision и Зоте Брос Компјутери. Тој што ќе заврши трет ќе добива пакет пиво.
 
Првопласираниот за месец октомври ќе добие зимска капа, вториот ќе добие слушалки за компјутер, а третиот пивоПодароци ќе има и за најдобриот типстер на полусезоната, како и за најдобриот на крајот од сезоната.

Победник минатата сезона на Типстер беше Ace Videski од Скопје кој доби 7 дневно летување за двајца во Грција. 

 

играј | упатство за играње | правила