Разно

Буковски кај Пиво

Починал Бернар Пиво, познатиот француски новинар кој водеше култни емисии за книжевност и едно време беше прв човек на академијата Гонкур. Да потсетиме на еден епски момент, кога гостин му беше Чарлс Буковски, направен гипс. - Што не му сипавте вода? - ги прашува Пиво луѓето од неговата екипа.  - Си носи тој свои шишиња, му одговараат овие.

Сем Алтман за 4-ката

По зборвите на првиот човек на ОпенАИ, Чатгпт 4, актуелната верзија на ВИ ботот на компанијата, е најглупиот модел на Чатгпт што некогаш ќе го користите „Чатгпт не е феноменален, во најдобар случај е благ резил.“

Со воз од Сингапур до Португалија

Тоа е најдолгата железничка рута на светот, 19.000 километри. Се минуваат 15 држави, од врелините на Индокина до сибирскиот студ. Ова е првата етапа од патешествието на љубопитниот Ив Бесеровац од Белград кое тој очекува да трае вкупно 40 дена. Да проаѓал низ Македонија, ќе требало да додаде уште неколку денови.

Ако кравите ти се проблем, проблемот ти е во главата

Наместо природното месо, треба да јадеме вештачко месо, произведено од компании во кои тој има инвестирано. Поради својот дигестивен систем, кравите испуштаат многу метан и затоа време е да ги замениме, смета Бил Гејтс. За тоа што со државно спонзорираниот индустриски тероризам наречен дигање во воздух на Нордстрим, во атмосферата беа испуштени 478.000 тони метан, никому ништо.

Пред првомајските празници во Кина

Железничката станица во Хангџоу пред првиот ден од првомајските празници во Кина. Се очекува дека за празникот железничката мрежа на земјата ќе ја искористат 144 милиони жители. Кина годишно има вкупно 11 неработни денови заради државни празници.

Револуционерка, од новите

Про-палестинска студентска активистка од Колумбија, универзитет од престижната Ајви лига, крем дела крем од кој се регрутираат идни сенатори, судии, корпоративни ЦЕО-а... Насекирана да не дехидридраат. - Сакате да сте револуционери ама владата да ви носи храна? - Не да ни носи, туку да не ја блокира. - Ви ја блокирала ли до сега? - Не, ама сакаме гаранции.

Нешто не им е денот на израелските службени возила

Во рок од два дена возниот парк на министрите на израелската влада останува без две возила. Прво, ултра-десниот министер за внатрешни работи Бен Гвир се тубмаше во градот Рамле, а еден ден подоцна возилото на министерот за образование Хаим Битон прави сообраќајка. Во моментот во возилото се родителите на министерот, но не и самиот министер.

Имотниот лист на рускиот заменик министер за одбрана

Деновиве во Москва беше уапсен Тимур Иванов, руски заменик министер за одбрана и еден од најблиските луѓе на Шојгу. Иванов падна за примање мито „со посебно голем обем,“ наводно некои си 100 милиони долари. Според руски медиуми ова му е вилата и само таа чини околу 21 милион долари, плус има стан во центарот на Москва од 317 метри квадратни.

Сè што не ви е јасно за пљачкосувањето продавници низ Калифорнија

Либералните политики кои ги воведуваат калифорниските законодавци дозволуваат од продавница да украдеш производи во вредност од 949 долари и за тоа да не одговараш. И сумата е ограничена на една кражба, на една локација, после тоа се ресетира, што значи дека дента можеш уште десет пати да крадеш до 949 долари (вклучително и во истата продавница) и пак да не одговараш.

Атина стана портокалова

Атина деновиве изгледаше како да си и ставил портокалов филтер откако беше зафатена од песочна бура што премина од карши од Африка.  Пост-апокалитичната снимка беше дополнета со преполнети болници со Атињани кои се жалат на проблеми со дишење, кашлање и болки во градите.

Австралија, мора ли толку глупо?

Австралија тргна накај Орвеловата 1984 за време на пандемијата и упорно гази натаму. Ви ја покажавме сенаторката која би да го уапси Илин Маск, но орото го води нивниот премиер. Пазете каков дунстер е тоа: Икс морал да цензурира зашто и тој лично видел слики од своја глава ставени на други тела. Видел меме или фотомонтажа, ви текнува? Кај ли учел тој лидершип, во Северна Кореја?

Светлина во забавена снимка

Не е нов пронајдок ама уште ни е фасцинантен. Стадардна филмска камера снима 24 фрема во секунда. На МИТ имаат развиено камера со - пазете- трилион фремови во секунда! Практично, снима како се движи светлината: движење на фотони во една нано секунда, го развлекува во 20 секунди. Да снима куршум како пробива јаболко, снимката би траела година дена.

Колку трпи Алек Болдвин?

Нема поголема офтика од оние активисти кои мислат дека во секој момент и на секое место, другите треба да се произнесат по нивната кауза. Такви беа БЛМ, такви беа шарените кои грдеа луѓе седнати на кафе додека тие „ни ја ослободуваат државата“ (од 6 до 8 пред СЈО, по што доаѓаа во истите кафичи), таква е и оваа која го начека Алек Болдвин и хистеришеше да каже „Free Palestina“. Ние пократко ќе издржевме од него. 

Џабе работи, џабе не седи

Лана Роудс го напушти порно светот после само 8 месеци откако влезе, но тоа беа ударнички 8 месеци. 8 години позрела, сфаќа колку била глупа и искористена од суровата индустрија, водена од искусни мажјаци кои точно знаеле како да убедат 19 годишна девојка да го направи тоа што сакаат да го направи. На неа имаат заработено милиони а таа била плаќана греота: 1.200 долари по сцена (за малку наместо „сцена“ ќе пишевме “комад“, па ни текна дека некогаш беа повеќе комади). 

Васа-1 најстрашното нешто што излегло од Микрософт, до сега

Да, пак е ВИ, само кај ова страшното е што му давате една слика од човек, и потоа тој ви вади цели видеа со него, на кои зборува што и да му зададете вие. Помалку страшниот дел е што може да направи цел монолог на цртани ликови или ликови од слики. И сето ова го прави со акцент и природни движења.

Службите си работат

Такер Карлсон објаснува како не е важно кој е на власт во Америка и колку се излишни сите оние комитети и комисии за контрола на американскиот разузнавачки апаратус. Службите си работат.

На иранската армија и попушти вентилот

Сè ова наводно е ненамерно. За време на некоја локална воена парада во Иран, на водениот топ му се активираше баш страничниот топ, баш кога минуваше покрај бината со функционери и офицери. Нема информација што казна попил топџијата.

Дупчето во швајцарското ноже

Главно јасни се сите тие додатоци во фамозното швајцарско армиско ноже и за што служат. Некои за сечење, има тука отворач за конзерва, отворач за тапи, турпија, ножички... Но, на едно од ножињата има и едно дупче за кое не бевме сигурни за што е. За шиење да ти било. Еве како се користи.

Коли крај патот

Покрај украинските автопатишта во близина на граничните премини периодов преку ноќ почнаа да никнуваат автомобили. Излезе дека новата појава е поврзана со носењето на новиот закон за мобилизација во Украина и Украинци кои се обидуваат да куртулат од истиот. Снимкава е направена во близина на Молдавија.

Новите „канџи“ брзо попуштија

Американската полиција воведува нови „канџи“ за погрешно паркирани автомобили кои наместо на тркало одат на шофершајбна. За разлика од овие што се на тркало, новите се прицврстуваат за шофершајбна со лепенки. За кратко време, на некого му текнува да проба да пушти греење на шофершајбна да види што ќе се случи. Се случува одлепување.

Олаф Шолц во Кина пречекан од заменик градоначалник

Својата кинеска турнеја германскиот канцелар, придружуван од чета министри и бизнисмени, ја почна во градот Чунцин, каде германската делегација на аеродромот беше пречекана од заменик градоначалниката на Чунцин и кинескиот амбасадор во Германија.

Кога мислиш дека пари ќе те спасат од природа

Сопствениците на куќи во прв ред на брегот кон Атлантикот во Салсбури, Масачусетс, платиле пола милион долари за песок да биде истурен и наместен пред нивните куќи, како одбрана од ерозијата и океанот. Се работи за 15.000 тони песок кој 5 седмици се мести во форма на дина. Кога доаѓа ред на природата, бедемот издржува неполни три дена.

Бојата на поротата

Судењето на О Џеј Симпсон (ноември 1994 - декември 1995) се одвиваше во атмосфера на висока расна нервоза и недоверба кон полицијата предизвикана од претепувањето на црнецот Родни Кинг, некоја година претходно. Денес имаме шокантно сведочење на (црна) жена од поротата која го ослободи О Џеј Симпсон: на 90% од поротата им било јасно дека тој го има убиено бившата и нејзиниот партнер но донеле таква одлука заради „вратка“ за Кинг.

Како изгледаше ВИ кошмарот во 2003

Во Терминатор 3 од 2003 кога САД го активираат Скајнет тој почнува да работи под полна пареа со компјутерска моќ од 60 терафлопи. За перспеткива тоа денес е помалку од капацитетот на две Нвидиа РТХ 3080 графички картички.