Живот и забава

Полска укина домашни

Во прв таков експеримент во ЕУ, Полска одлучи да престане со давање домашни задачи на своите ученици, бидејќи дел од истражувањата покажале дека за децата имало многу малку корист од пишување домашни задачи.

Не бркате олимписка норма, нема потреба да станувате во 6 за да вежбате

Луѓето кои вежбаат после 18 часот имаат понизок ризик од развивање на срцево заболување или смрт отколку оние решени сабајлечки да го истераат самонаметнатиот тренинг.

Да не му влезеш во куќа на полски поп

Полски свештеник е осуден на 18 месеци затвор за секс и користење апчиња откако еден маж колабирал во неговиот дом за време на оргија. Та-дааам.

Саудиска Арабија се прецени со Линијата

170 километри долгиот град сред саудиската пустина, веројатно еден од најамбициозните проекти моментално на планетава, во кој до 2030 требаше да живеат 1,5 милиони луѓе, е драстично намален и се очекува до почетокот на следната деценија од него да бидат изградени само 2,4 километри.

Еј животе, конзерво сардини

Ако му свртиме грб на црвеното месо и наместо тоа во нашата исхрана се фокусираме на ситната риба како што се сардините, инчуните или харингите, до 2050-та година би можеле да се спасуваат годишно по 750.000 човечки животи на оваа планета. Најголем аир би виделе земјите со среден или мал доход. Супер звучи, а сега малку да попазиме да не ни изгори кременадлата.

На Норвешка малку ѝ се 24 часа на ден, бара 26

Најсеверниот регион на Норвешка побарал од Европската комисија да му даде дозвола да воведе временска зона со 26 часа, бидејќи овие 24 не вршат работа таму горе.

Фајзер ја дискредитираше фармацевтската индустрија

По којзнае кој пат, фармацевтскиот гигант Фајзер е обвинет дека злоупотребувал социјални мрежи за со невистините и заведувачки тврдења да ја промовира својата вакцина. За жал, колку и обвинувањата и пресудите да стануваат сè посериозни, казните и последиците за Фајзер и неговите функционари стануваат сè посмешни. 

Најголем дел од децата ја надраснуваат желбата за промена на полот

Сведувајќи го само на фаза во развојот, холандска студија спроведувана во период од 15 години открива дека најголемиот дел од испитаниците кои на 11-годишна возраст изјавиле дека сметаат дека се родени во погрешен род, со тек на време се предомислуваат.

Амазон ги баталува продавниците „земи и излези“

Изгледаше нестварно добро концептот кој Амазон го промовираше пред осум години по кој влегуваш во продавница, земаш што ти треба и излегуваш, без редови, без каса, без наплата. Иако изгледаше комплетно автоматизирано, во суштина армија Индијци ги гледаа снимките од продавницата и ви ја правеа сметката. Сега ни Индијци не им требаат.   

А можело да се застане на пешачки, а?

„Биди виден, земи цигла“ е мотото на новата кампања во Ванкувер за безбедност во сообраќајот за пешаци, во која пред пешачки премини низ градот се оставени корпи со цигли. Разочарувачко во целата работа е што циглите се од гума.

ЦЕРН ќе врти на денот на соларното затемнување

4 милијарди долари вредниот акцелератор има закажано термин на 8 април да биде пуштен во погон за да провери да не случајно може да открие некоја нова честичка за време на целосното затемнување на Сонцето што дента треба да се случи.

Торонто ќе воведува данок на дожд

Градот Торонто и надлежните агенции немаат пари да се справат со дождот што врне таму, па затоа на граѓаните ќе им биде наметнат данок на дожд кој треба да го покрие овој трошок на градот.

Ивермектинот веќе не е опасен

Американската федерална агенција за храна и лекови, чии упаства и препораки за време на пандемијата беа „све и свја“, со согласи да ги избрише сите свои пораки на веб страници и социјални медиуми со кои бараше луѓето да престанат да користат ивермектин. ФДА ова не го прави доброволно, туку затоа што ја тужеа доктори и немаше каде.

Генерација на Оземпик бебиња

Откако беше откриено дека лекот за дијабетес има нус-појава во која го блокира апетитот и драстично помага во слабеење, сега жените открија и негова втора нус-појава, а тоа е дека додека го користат полесно остануваат бремени.

Америка има „расен балансер“ за трансплантација на бубрези

Докторите од новата разбудена и прогересивна ориентација заклучиле дека етничките разлики во читањето на одредени физиолошки состојби е расизам па го елиминирале тој фактор од евалуацијата кому и по кој редослед му следува трансплантација на бубрег. Сега здрав или малку болен црнец може да добие бубрег пред белец што буквално р пред умирање.

На Вијаграта ѝ нема крај

Научници се колнат дека вештачката интелигенција им помогнала да откријат дека редовното користењето Вијагра помага во спречување на намалувањето на когнитивните капацитети кај луѓе во години и спречува Алцхајмер.

Се намерачија да ги гасат и пурите и лулињата

Британските фанатици за јавно здравје имаат нов непријател на повидок: пурите и лулињата. Вадат статистички податоци со фабричка грешка за да ја оправадат својата намера сè што ќе им текне да биде внесено во оној закон по кој на сите родени после 2008 година доживотно им се забранува да купат тутун. Најмногу им било за децата. А никој не гледа сурија деца со лулиња во уста.     

Во 2023 повлечени над 10.000 објавени научни студии

За прв пат во историјата, во 2023 научните журнали повлекоа над 10.000 студии што ги имаа објавено истата година, и тоа е на штета и на науката и на медицината и на развојот на лекови.

Нова секирација за мРНК вакцините

Фактчерите го побиваа раширениот страв дека ковид вакцините, со оглед на тоа што не се класични вакцини туку мРНК, можат нешто да поматат во човековиот ДНК и клетките. Неодамна биле правени истражувања дали тоа може да се случи не на здрави, туку на клетки на рак. Може.  

Зошто толку многу млади луѓе закачуваат рак?

Онколози се од оние лекари кои сешто виделе во својата пракса но за многумина од нив, ништо не ги снеможува така како кога ќе видат млад човек на кого ќе му најдат еден од оние ракови кои обично фаќаат луѓе постари од 65 години. Ќе се помисли на дебелина, алкохол, процесирана храна... но не, рак често фаќаат здрави и тотално фит луѓе, без никакви ризични фактори за канцер.

Нил Јанг се врати на Спотифај

Кога Нил Јанг во знак на протест ја повлече својата музика од Спотифај несакајќи да дели иста платформа со Џо Роган, подкастерот беше ексклузивец под договор од 100 милиони долари. Сега е под договор од 250 милиони, без ексклузивитет. Така можело. Признавајќи дека ја изгубил битката против она што тој го смета за дезинформации, Нил Јанг вели дека следната надеж му е Спотифај бар да го подобри звукот.   

Кога животот ти дава Лемони

Дон Лемон беше избркан од Сиенен. Едно време го немаше па деновиве неочекувано најави ново шоу кое ексклузивно ќе оди на платформата Икс. Обезбеди и интервју со Маск, како најава на новото партнерство. Што направи Лемон после тоа? Отиде во Сиенен, да го олајава Маск како не си ја разбирал одговорноста. Дур си исцедил лимон, Маск му го раскина договорот.

Нов проблем, туширање со прежешка вода

Дневното туширање со жешка вода, што некои го имаат доведено до прлење, ја оштетува и кожата и косата, како што би оштетувало што било друго изложено на топла вода.

Стварно ќе немат љуѓе

Паниката дека планетата е пренаселена и дека веќе нема место за луѓе, последниве години полека се заменува со страв дека нè чека колапс на популацијата, без разлика колку Индија и Африка работеле на нејзино спасување. Кина веќе не може ни сама да си помогне, не на другите.