Како „Четири венчавки и погреб“ ја спаси кариерата на Хју Грант

За аудицијата на „Четири венчавки и погреб“ од 1994, Хју Грант донел снимка од кога стварно бил кум кај брат му на свадба.

Грант бил спремен да се откаже од актерската кариера пред да го добие сценариото за филмот.

„Не добивав никаква работа,“ рече во интервју во 2016, „и потоа на мое големо изненадување, стигна сценарио преку мојот агент и беше многу добро. И му се јавив и му реков дека мора да е грешка, ‘си ми пратил добро сценарио‘.“

Прво, сценаристот Ричард Куртис кој ликот на Чарлс го изградил по себеси не сакал да го ангажира затоа што мислел дека Грант е премногу убав. Повеќе го сакал Алан Рикман за улогата, но Рикман одбил да се појави на аудиција. На крај, продуцентите и режисерот Мајк Њуел го убедиле Куртис да го одобри Грант.

Буџетот бил толку мал што шкотската свадба воопшто не била снимана во Шкотска, а статистите во сцените со свадбата морале сами да си донесат одела. Енди Мекдауел не земала пари однапред, се договорила за проценти отпосле, што ѝ има донесено два милиони долари. Хју Грант добил само 100.000.

Во интервју кај Хауард Стерн, грант има кажано дека тој, Куртис и многу луѓе од екипата не замислувале дека режијата на Њуел ќе му одговара на филмот и не биле задоволни со конечниот производ.

А она што филмот го прави огромен хит е токму режијата, која хуморот го прави приземјен, наместо лесен и самиот Хју Грант има кажано дека токму таму лежи успехот.

22 април 2024 - 09:58