Кошарка

Шек - Коби, какво дуо беше тоа

Легенди какви што ретко се раѓаат и се наоѓаат заедно во ист тим. Симболи на едни незаборавни НБА времиња. Заедно беа на тронот во 2000, 2001 и 2002-ра. Потоа Коби освои уште две титули со Лејкерси (2009 и 2010), а Шек една со Мајами (2006).

Топ 10 забивања во кариерата на експлозивниот Ентони Едвардс

Со главата стига до обрач, а со раката и баскетот до горниот дел од таблата. Инаку има 22 години. Уживајте во празникот наречен Ентони Едвардс со кој во полуфиналето од Западот ќе се соочат Јокиќ и другарите. Не ферма никој под кош. Многу моќен. Ама ептен.

Партија на кариерата на Тајрис Макси кој ја спаси Филаделфија од елиминација

Публиката во Медисон Сквер Гарден остана без радост, но и без зборови од перформансот на Макси кој не дозволи Њујорк Никс да стане првиот полуфиналист на Истокот.

И Леброн знае да се исклучи, се оправаше со гледачка

Леброн Џејмс и неговите ЛА Лејкерс се елиминирани во првата рунда од плејофот со 4-1 од шампионот Денвер Нагетс. И покрај тоа на „кралот“ мора да му се оддаде признание што на 39 години (во декември ќе полни 40), помина најмногу на теренот од цела екипа (44 минути и пет секунди) и беше најефикасен со 30 поени, 11 асистенции и 9 скока. Леброн во просек на сите пет меча играше по 40-41 минута што во плејоф не му се случило уште од 2018-та кога играше во Кливленд Кавалирс.

Што е со модава бе?

Џејлен Вилијамс кој постигна 24 поени против Њу Орлеанс за конечни 4:0 на Оклахома и пласман во полуфиналето во Западната конференција, вака дојде на натпревар.

Најголемиот кошмар на Леброн Џејмс

Лани го елиминираше со 4:0, овој пат со 4:1, а на последните 13 нивни соочувања резултатот е 12:1. И самиот Леброн кој има 17 плејоф настапи и 4 НБА титули е свесен дека нема како да го задржат. Не за џабе изјави дека е еден од најдобрите. Никола серијата со Лејкерси ја заврши речиси си трипл дабл, бидејќи просекот од петте натпревари вели вака: 28,2 поени, 16.2 скока и 9,8 асистенции.

Ново постер забивање на Џејсон Тејтум

Бостон Селтикс има 3:1 против Мајами на Истокот, натпревар од кој ќе издвоиме неколку фини забивања. Во прв план Џејсон Тејтум кој се крена еден на еден дрско, во негов стил.

Нов херојски кош на Мареј за победа, Лејкерси се елиминирани

Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс одиграа нов борбен и многу неизвесен натпревар во плејофот, вкупно петти и последен за Леброн Џејмс и другарите.

Ново страшно забивање на Ентони Едвардс

Минесота Тимбервулфс е првиот полуфиналист на Западот откако го исфрли Феникс Санс со 4:0. Ентони Едвардс имаше фантастичен перформанс со 40 поени, 9 скока и 6 асистенции. Погледнете му ја играва еден на еден на 2 минути до крај. Не се чува овој човек.

Пораз на Далас откако го направи еден од најјаките пресврти во НБА

Далас Маверикс и Лос Анџелес Клиперс одиграа супер интересен натпревар кој од дебакл, се претвори во пеколно неизвесен благодарение на лудото враќање на Маверикс од неверојатни -31.

Уникатна асистенција произлезена од интелигенцијата на Јокиќ

Изгледаше дека само трча во празно и нема појма каде е топката.

Убедлив трипл дабл на Јокиќ, недоволен за елиминација на Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс конечно ја прекина серијата од 11 последователни порази од Денвер, како и метлата која им се закануваше. Намалија на 3:1.

Топ 10 НБА потези на вечерта

Минесота - Феникс 3:0, Далас - Клиперси 2:1 и Милвоки - Индијана 2:1 се трите плејоф средби од синоќа и од кои е составен најновиот збир на најатрактивни потези. Уживајте.

Кај мене дома нема да ти пројде тоа

Од третата пресметка меѓу Далас и Клиперси која ја добија домаќините, го издвојуваме најјакиот потег и еден од најатрактивните на досегашните плејоф битки. Пол Џорџ vs Даниел Гафорд. Фантастично.

Неспортски потези на Вестбрук во дуелите со Дончиќ

Со немоќта на Клиперси против Далас кој поведе со 2:1, најслабо се носеше Расел Вестбрук. Во два наврати фрустрациите со груби прекршоци ги истури врз Лука Дончиќ. По вториот намерен фаул го исклучија.

Шоу на Дончиќ и Ирвинг, ги растурија Клиперси

Кошаркарите на Далас Маверикс се изборија за нов триумф и поведоа со 2:1 во четвртфиналната серија на Западот. Тандемот Лука Дончиќ - Кајри Ирвинг функционираше перфектно.

Секој дуел на Јокиќ против Лејкерси од прилика изгледа вака

Денвер Нагетс води 3:0 против Лос Анџелес Лејкерс во плејофот и има 11 од 11 на последните нивни соочувања. Никогаш не ги потценувајте дебелите луѓе. И Јокиќ беше дебел.

Како од 80 милионски договор во НБА, можеш да спаднеш на 10.000 месечно во Грција?

Не е сè така розово во НБА, особено не за ликови кои не знаат да изберат девојка или можеби не знаат како во врска.

Сезона од соништата: Ненад Димитријевиќ е МВП во ВТБ лигата

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ и официјално е признаен за МВП на регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата.

Чарлс Баркли покажа што ги чека Лејкерс

Легендата на НБА, Чарлс Баркли имаше мало шоу во студиото после третиот натпревар од серијата меѓу ЛА Лејкерс и Денвер кој Нагетс го добија 112:105. Баркли извадил метла како алузија на она што ги чека „езерџиите“. Кени Смит му вика дека „Кралот не го заслужува тоа“ а Баркли додава: „Кралот оди дома после уште еден натпревар“.

Жоел Ембид - 50

Кошаркарите на Филаделфија ’76 го совладаа Њујорк 125:114 и намалија на 1-2 во серијата. Ѕвездениот центар на Фила постигна 50 поени (13/19 од игра и 19/21 од слободни), 8 скока, 4 асистенции и една блокада. Ова е негов личен рекорд во плејофот а стана и трет кошаркар во историјата на Сиксерс кој постигнал најмалку 50 поени во плејофот. Претходно тоа биле Ален Ајверсон (три пати) и Били Канингем.

Леброн и Јокиќ под кош во борба за топка

Прво не го натскока, туку не му ни даде да скокне, потоа даде кош и изнуди дополнително слободно фрлање. Џејмс во немоќ ги крена рацете, во стил тоа е. Како да се бореше за топка против играч од Водњански Лисици, а не со еден од најдобрите во историјата.

Денвер и Јокиќ се кошмар за Лејкерски, веќе е 3:0

Шампионот на НБА дефинитивно му наби комплекс на Лос Анџелес Лејкерс кој 11 меча по ред не може да им го најде лекот.