Антонио, јак Антонио

Србија вади уште еден јак „персоналити“, чии фрази и реплики веќе стануваат рефрени по социјални мрежи. Посветен е на храна и бекријање по што оди на салатирање и чистење на организмот. Има глас ко Бери Вајт, јужњачки редуцирани падежи и кај него сè е јако и напукано: јаки кривини, јаки чуреви и фанови, јак разврат, јаки фудбалерски нозе... Елате да го запознаете Антонио.

Да, кај нас сè е наопаку

Навидум нормална, вообичаена ситуација. Премин преку железничка пруга. За да ги предупреди автомобилите и пешаците, возот гласно го најавува своето доаѓање со тоа сирената. На прва, како неправилност паѓа во очи само рампата која останала подигната. Но, тоа е само на прва. Чекајте да дојде „забревтаниот“ воз, да видите какво уникатно сообраќајно џентлментство владее кај нас.

Сакаме вака да остариме

Не го слушајте тој што лапрда коментирајќи ја сцената, тотално ја утнува поенатата... Што фали вака да е, под услов на старост да те држат нозете и да те држи главата? Рано сабајлечки на балкон даваш неколку јаки голчиња (или набаценки) и после влегуваш внатре, вртиш по утрински програми и прашуваш што ни е темата денес. Или од нигде никаде им ја запејуваш Еленор Ригби во програма. Цут.