- Со освоени 363.086 гласа, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, е апсолутен победник во првиот круг од претседателските избори во земјава. Втор е Стево Пендаровски, со вкупно 180.500 гласови.
- Бујар Османи освоил 121.088 гласови, Арбен Таравари 83.393 гласа.
- Излезноста во првиот круг е 49,93%. На гласање излегле 905.971 граѓани, а не гласале 908.346 избирачи. Од вкупниот број на гласачки ливчиња, 24.562 се неважечки.
- „Ракот и јас“ е наслов на последната објава на блогот на Ведрана Рудан во кој открива дека има рак и дека престанува да пишува на блогот за да се посвети на лекувањето.
- „Денес престанувам да пишувам на блогот бидејќи ќе се посветам на лекувањето и ќе напишам книга за тоа. Кога автор на книга пишува за фазите на двоето умирање, тоа се чита како лудо“.
- „Додуша, тие книги имаат смисла само кога авторот ќе умре, сè друго не е напнато. За жал, не можам да ви кажам дали ќе умрам, сигурна сум дека шанси постојат,“ пишува хрватската легенда со остар јазик.
- Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи биле уапсени во Урошевац. Станува збор за луѓе од кондовската група која долго време беше страв и трепет во скопско.
- Бесим Красниќи се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, а Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични дела.
- Красниќи и Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор.
- На оние кои проценија дека треба да им се даде слободен викенд, влакно не им фали.