И Суперкласико заврши 3:2 со поништен погодок на гол линија

Викенд на дерби пресметки кои не може да ги пофати човек. За ова се вели дека мора да се доживее пред да се умре.

Бока Јуниорс и Ревер Плејт ја одиграа 262-та пресметка во историјата на сите натпреварувања, која Бока ја искористи да ја зголеми предноста во победи на 92:86.

Не се сретнаа ниту на Бонбонера, ниту на Монументал, туку на неутрален терен на стадионот „Марио Алберто Кемпес“ во рамките на четвртфиналето од Лига Купот.

Суперкласико заврши со многу сличности како Ел Класико. Заврши 3:2 за Бока, а при резултат 1:1, на Ривер им беше поништен гол со ВАР.

И на овој меч, исто како и во Мадрид не се гледа најјасно дали топката ја има поминато гол линијата или не, проблем кој најлесно се решава со гол технологија, која ја нема ниту во Шпанија, ниту во Аргентина.

Инаку стрелец повторно за Бока Јуниорс е извонредниот Единсон Кавани кој на 37 години има 9 гола на последните 9 меча.

Во полуфинале ги чека дуел со Естудијантес.

22 април 2024 - 09:55