Срамот на Манчестер Јунајтед

Навивачите на еден од најтрофејните светски клубови Манчестер Јунајтед се фрустрирани од коло во коло. Екипата изгледа на распуштена банда која не знае кај тера. Во полуфиналето на англискиот ФА Куп Манчестер Јунајтед за малку ќе доживееше огромен срам, незапаметен во својата клупска историја.

Манчестер Јунајтед во неделата водеше 3:0 против второлигашот Ковентри во полуфинале на ФА Куп играно на „Вембли“. Головите кои ги дадоа Скот Мектоминеј во 23-та, Хари Мегваер во 45+1’ и Бруно Фернандеш во 58-ма минута им донесоа огромна предност.

Сите веќе го сметаа мечот за завршен.

Но во вториот дел Ковентри направи чудо и израмни 3:3 со погодоците на Елис Симс во 71-ва, Калум О’Харе во 79-та и Хаџи Рајт во 90+5’ во пенал!

Лудница и делириум на трибините меѓу навивачите на Ковентри кои сведочеа чудо. Следеа продолженија а таму второлигашот дури и поведе 4:3 со гол во 121’ минута но им го поништија поради офсајд.

И продолженијата завршија 3:3 па се прејде на пенали.

А таму прв промаши Каземиро, па Ковентри поведе, но до крајот на серијата промашија О’Хар и Шиф па Хојлунд даде гол и го одведе Манчестер Јунајтед во големото финале каде ги чека градскиот ривал Сити.

Интернетот е преплавен од комични коментари на сметка на Манчестер Јунајтед, а нивниот легендарен капитен Рој Кин во студио после мечот изјавил:

„Ливерпул требаше да го победи Манчестер Јунајтед, денес требаше да бидат изгубат. Јунајтед имаше среќа. Мегваер вели дека покажале голем карактер. Не гледам карактер во групава. Доаѓам до ситуација да почнам да ги мразам... Голман ти задржува време на 3-0, каде со таа игра“?

22 април 2024 - 11:04