Во кои земји има „гол технологија“ и зошто Шпанците не ја користат?

Наједноставната модерна технологија за потврда на гол, која веќе и остаре, се користи на 28 фудбалски натпреварувања во светот или поточно на 112 стадиони. Англичаните и Италијанците во втора лига ја воведа, а Шпанците уште се во лер.

Ел Класико понуди фудбал со богата содржина, 5 гола, но и со нова многу дискутабилна судиска одлука која се анализира на големо, а тоа е дали поништениот гол на Јамал е регуларен или не.

При зголемен број на судии, камери, како и разновиден тип на технологија која се нуди во денешно време, челните луѓе на шпанскиот фудбал дозволија Твитерот да остане главно место за убедување дали топката ја минала гол линијата или не.

Славниот Стив Мекманаман кој патем има играно за Реал Мадрид, наједноставно вели вака:

„Ла Лига е една од најголеми лиги и овој натпревар е најгледан во светот. Сите луѓе во Европа, блискиот Исток, Америка, сите што гледаат сакаат да знаат дали топката ја мина гол линијата или не? И за жал тоа се само прашања кои се поставуваат. Затоа, да бидам искрен, ваквата ситуација е многу непријатна“.

Интересно е што, кога сите застанаа и чекаа исход, Гундоган прв му пријде на главниот судија и го праша што му кажува часовникот. 

Што е најнормална реакција за играч кој доаѓа од Премиер лигата, каде веќе се навикнати на експресно решавање на таквите спорни ситуации.

Тоа покажува дека некои играчи не се ниту свесни дека во Шпанија во 2024-та уште ја немаат воведено гол технологијата.

ЗОШТО ШПАНЦИТЕ ЈА ИГНОРИРААТ?

Бидејќи им е скапа, а се работи за трошок од 2 милиони евра годишно. Да, ова е тоа кратко и чудно, па дури и апсурдно објаснување кое првично го кажа претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Прашање на оваа тема тој доби и на почеток од оваа сезона.

„Технологијата за гол линијата не е економско прашање, туку прашање дали треба да се примени. Во текот на сезоната имаме четири пет ситуации во кои би можеле да ја примениме. Судијата Матеу Лахос ни кажа дека во 99% од ситуациите, судиите гледаат дали е гол или не. Исто така, оваа технологија има грешки и не е совршена. За сè што ни треба во овие ситуации, можеме да користиме ВАР и не планираме да воведеме „Соколово око“ бидејќи тоа не ни е потребно“, изјави Тебас.

Првиот човек на Шпанската фудбалса федерација, Луис Рубијалес пред една година топката им ја префрли на клубовите.

„Ова не е услуга која ја плаќа федерацијата или лигата, туку клубовите. Кога ќе одлучат да платат 2 милиони евра, нема да имаме ништо против воведувањето“.

ОД КОГА ПОСТОИ И КОЈ ЈА КОРИСТИ?

Во јули 2012 година, Меѓународниот одбор на фудбалската асоцијација (IFAB) официјално ја одобри употребата на гол технологијата, а први кои ја имплементираа се Англичаните уште пред 10 години.

Причината е оној фамозен гол на Лампард против Англија на СП 2010. После Премиер лигата, во 2015-та ја воведоа и во Серија А, Бундеслигата, Ла Лига и холандската прва лига.

Во јуни минатата година на веб страницата на ФИФА се наведени 112 стадион со лиценцирани инсталации од кои 94 го користат системот Hawk-Eye (Око соколово), а другите 18 го користат „Vieww“, кој е втор лиценциран провајдер.

Бујрум цела листа на клупски и репрезентативни натпреварувања каде се користи новата, тоест веќе стара гол технологија со која нема утка кога е во прашање регуларност на гол.

Часовникот на судијата му дава сигнал дали цела топка е внатре или не, плус во пренос покажуваат графика. Просто е. Тоа не остава простор ниту за гнев кај играчите, ниту за навивачите кои потоа се фаќаат за врат по социјални мрежи.

ВАР очигледно дека не врши работа во вакви спорни ситуации. Шпанците дефинитивно водат инает. Во У-17 ставаат, тие во прва лига немаат.

Аголот од кој личи дека голот на Јамал е регуларен

 

22 април 2024 - 14:40