„50 години сум во кошарка, сум се нагледал сè ама вакво нешто не“

Седумдесет и две годишниот поранешен НБА тренер Џорџ Карл кој во 2013-та беше избран за најдобар тренер на годината во НБА и кој 4 пати водеше тим на Ол-Стар меч, имаше што да каже за Никола Јокиќ.

„Во кошарката сум 50 години и видов голем број неверојатни играчи како Кони, Џулиус Ирвинг, Мајкл Џордан, Тим Данкан, Шек О’Нил, Карим Абдул Џабар, Коби и Леброн Џејмс.

Но, во моментов мислам дека Јокиќ можеби е најдобриот играч што некогаш сум го видел да игра кошарка“.

Џорџ Карл тренерската кариера ја започна во 1978-ма година како помошен тренер во Сан Антонио Спарс. После тоа самостојно ги водел Монтана Голден Нагетс, Кливленд Кавалирс, Голден Стејт Вориорс, Реал Мадрид, Сиетл Суперсоникс, Милвоки Бакс, Денвер Нагетс и Сакраменто Кингс.

Му недостигаат само два меча да стигне до бројката од 2.000 натпревари во НБА на кој бил тренер.

22 април 2024 - 09:07