Што сè нашле џандарите пред натпреварот Ривер - Бока?

Ривер и Бока за првпат после 2018-та година играа Суперкласико со присуство на две навивачки групи. Досега тоа беше стрикнто забрането, а во Аргентина општо постои законска забрана за присуство на гостински навивачи. Но натпреварот од 1/4 финале на аргентинскиот Лига Куп се играше во градот Кордоба, на 695 километри од Буенос Аирес. Стотици автобуси, возила, комбиња се слеале по автопатите од Буенос Аирес и од другите градови, па полицијата била на готовс.

Неколку клучни пунктови обезбедувале бројни специјални единици на аргентинската полиција и војска, со цел да се избегне каков било контакт меѓу омразените ривалски групи на Ривер Плејт и Бока.

За таа цел едните патувале по една рута до Кордоба, а другите по друга.

Ангажирана била и агенција за обезбедување со околу 1.800 припадници, спремни да спречат какви било инциденти. Биле претресувани речиси сите возила кои приоѓале кон градот Кордоба од сите приоди.

Полицијата со полициски кучиња „душкала“ што има во автобусите, торбите и ранците, па имала што да најде:

И Суперкласико заврши 3:2 со поништен погодок на гол линија

22 април 2024 - 14:18