- Во Музејот на Македонија во Старата скопска чаршија во сабота, 27.05 од 11 часот ќе се одржи Фестивал на стари игри.
- На отворениот простор околу музејот ќе бидат презентирани повеќе традиционални друштвени игри: ластик, плочка, скокање јаже, народна, хулахоп, летање змеј и многу други. Ќе учествуваат ученици од повеќе основни училишта од Делчево, Кавадарци, Охрид, Скопје и од Тетово.
- Организатор е Асоцијацијата Детски свет. Влезот ќе биде слободен, а на посетителите ќе им биде овозможен и бесплатен влез во музејот. Настанот ќе биде проследен со неколку музички настани, традиционални песни и ора но и нивни современи обработки на актуелни македонски композитори.
- Денес, 1 јуни 2024 г., Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
- За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
- Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.
- Денес, четврток 30.05. во 19 часот во Галерија Матица во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 – 25.5.2017), во соработка со семејството Георгиевски, ќе се отвори изложбата на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото.
- Изложбата ќе трае до 24 јуни.